
„Кили ни отиде… Те сакаме!“, напиша Гордана Деан Поп-Христова, сопругата на актерот Кирил Поп-Христов – Кили, споделувајќи низа семејни фотографии.
На фотографиите Кили е во друштво на сопругата Гордана, ќерките Јоана и Нина Деан, како и внучето.
Актерот од 2014 година живееше во Еквадор со сопругата и ќерката Јоана.

Кирил Поп Христов-Кили почина на 58-годишна возраст од инфаркт. Роден на 30 јули 1967 година во Скопје. Дипломирал на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на Факултетот за драмски уметности во Скопје, на отсекот за актерска игра во класата на професорот Љубиша Георгиевски во 1989 година.
Од 1993 до 2014 година беше дел од ансамблот на Македонскиот народен театар.
Во текот на кариерата глумеше во филмовите „Панкот не е мртов“, „Бал-кан-кан“ и „Тетовирање“, како и во театарските претстави „Ослободување на Скопје“, „Ревизор“, „Народен пратеник“ и други.