Kејот Димитар Влахов ќе се претвори во широко шеталиште

Годинава ќе се уреди и паралелниот дел од десната страна на Kејот 13 Ноември, на потегот од мостот „Слобода“ кај „Холидеј ин“ до Kамениот мост. Откако ќе завршат сите овие проекти, ќе се прават проекции за понатамошните активности на кејот на Вардар, велат од Градот.

Градските власти потсетија дека освен проектот кој почна деновиве, на левата страна од коритото на Вардар во текот на изминатата и оваа година започнаа и реконструкциите на дел од плоштадот Филип 2 кај црквата „Свети Димитрија“, делот од плоштадот кај подземната гаража, како и кај плоштадот Пресвета Богородица.

Уредувањето на Kејот Димитар Влахов се очекува да заврши до летните месеци. Станува збор за локацијата каде некогаш беше лоцирана селската автобуска станица, која се претвора во широко шеталиште. Фирмата изведувач ја заменува старата калдрма со дел од плочите што беа извадени од градскиот плоштад Македонија при неговата минатогодишна реконструкција. Според тендерската сума, изградбата на ова шеталиште ќе чини околу 48 милиони денари, односно околу 780.000 евра.