Казни за сопственикот кој рамнел земјиште на Водно, најавија од општина Центар

Во однос на вчерашниот прилог на ТВ Сител за никнување на нова населба во парк шумата Водно, Општина Центар информира дека и вчера и денес инспекторите од Секторот за инспекциски работи на општината го завршија увидот.

-Се работи за 4 парцели во приватна сопственост, кои се надвор и од Деталниот урбанистички план и од Генералниот урбанистички план и се водат како земјоделско земјиште, односно лозја. На овие локации не е предвидена никаква градба ниту пак населба. На сопственикот ќе му биде врачено решение итно да го врати земјиштето во првобитна состојба и ќе биде изречена казна. Сопственикот исто така е пријавен во МВР, кое ќе го повика на разговор. Доколку се утврди прекршување на законските одредби, ќе добијат соодветни кривични пријави. Граѓаните да бидат спокојни, на тоа место нема ништо да се гради, информираа од општина Центар.