Казнети 134 возачи во Скопје, 17 биле без возачка дозвола

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот при што на територија на град Скопје изречени се вкупно 134 мерки.

Меѓу мерките се и 11 санкции за возење повеќе од дозволената брзина, 17 за возење без возачка дозвола, една мерки за возење под дејство на алкохол. Изречени се и шест мерки за нерегистрирани возила, три за возач почетник, осум за користење мобилен телефон, три мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…
-Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, наведуваат од МВР.