Кавадарчанец пронајден мртов

Четириесет и четиригодишен кавадарчанец бил пронајден починат, информираше денеска портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски. Тој појасни дека случајот бил пријавен во ОВР Кавадарци вчера во 13.50 часот.

– Било пријавено дека во објект бил пронајден починат 44-годишникот од Кавадарци. Смрт без траги на насилство констатирал лекар, а увид извршила екипа од ОВР Кавадарци.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на Институтот за судска медицина во Скопје за обдукција, рече Додевски.