Кавадарчанец ја пријавил поранешната сопруга зашто го истепала

Кавадарчанец пријавил дека бил физички нападнат од поранешната сопруга, синоќа во 23: 30 часот, информира Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Според пријавата  во Полициската станица Кавадарци, 38-годишниот маж рекол дека околу 18: 45 часот, физички бил нападнат во домот на поранешната 32-годишна брачна другарка, по кратка расправија.

По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.