Општина Карпош на својот официјален фејсбук профил се пофали дека е поставено ново улично осветлување на улицата Козле 3 со нови лед штедливи светилки. Но, се чини, оваа вест наиде на потсмев кај скопјани.
- 3 нови сијалици во општина со 10 милиони евра годишен буџет е навистина врвно достигнување, секоја чест и продолжете вака упорно и храбро само напред и напред, гласи еден ироничен коментар на веста.
- Браво за нашата општина. Улично осветлување се става кај што нема ни една куча, а кај што има куќи и деца се враќаат од училиште на темно и по кал, за тука нема време да се работи, коментира еден карпошанец.