Карпош, Козле и делови од уште една скопска општина утре без струја

Поради планирани технички зафати во електросистемот, утре (четврток), неколку скопски населби ќе останат без струја. 

Регионалниот центар за управување со кризи ги известува граѓаните дека следниве делови од главниот град ќе имаат прекинато електроснабдување:

- Карпош, корисниците на ул. „1506 Скупи“, дел од ул. „Никола Карев“ (кај река Лепенец) и објектите околу „Стоп енд Го“. Прекинот ќе трае од 8:30 – 12:30 часот.

- Козле, дел од потрошувачите на ул. „Козле“, поточно околу бројот 91. Прекинот ќе трае од 9 до 14 часот. 

- Ѓорче Петров, корисниците на ул. „Исаија Мажовски“, булевар „Васил Војвода Чакаларов“ и околните помали улици. Прекинот ќе трае од 9 до 15 часот.