Каролина: Сè уште не се појавил некој што ќе го надмине Тоше

Македонската пејачка Каролина Гочева вчера настапи на доделувањето на регионалните музички награди „Music Awards Ceremony“, а пред настапот одговараше на новинарски прашања.

Новинарите не испуштија шанса да ѝ постават прашање и за Тоше Проески со оглед дека вчера навршија 42 години од неговото раѓање.

- Можам да кажам дека сè уште не се појавил некој што ќе го надмине и не верувам дека ќе се појави наскоро. Ние сме среќни што го имавме, кажа Каролина.