Карл Јунг: Ние сме она што го правиме, а не она што велиме дека ќе го направиме

Карл Јунг бил ученик на Сигмунд Фројд.

Photo by Oliver Pacas on Unsplash

Тој е основач на длабоката, односно аналитичка психологија, а неговите учења се засноваат на постоењето на колективното несвесно, односно на тоа дека нашите искуства остануваат во нас, со што го градиме својот идентитет. Тој е голем експерт за разбирање на длабочината на една личност.

Ова се некои од неговите најпознати мисли.

Средбата на две личности е како контакт на две хемиски супстанци: ако дојде до реакција, двете личности се трансформираат.

Ние сме она што го правиме, а не она што велиме дека ќе го направиме.

Луѓето би направиле сè, колку и да е тоа апсурдно, само да избегнат да се соочат со сопствената душа. 

Неживот е болеста од која би можеле да умреме. 

Ако сте надарена личност, не значи дека нешто сте добиле, туку дека нешто можете да дадете. 

Јас не сум она што ми се случило, туку тоа што сум одбрал да бидам. 

Ноќта е долга како и денот, а секоја трае исто како и денот кој следи. Ниту најсреќниот живот не може да се измери без неколку моменти на темнина, а зборот среќа би ја изгубил секоја смисла ако не е врамнотежен со тагата.

Главната функција на нашите соништа е да ја вратат нашата психолошка рамнотежа. 

Ако сакаме да промениме нешто кај другите, прво треба да видиме дали истото нешто можеме да го промениме и кај себе.

Знајте ги сите теории, совладајте ги сите техники, но кога ќе ја допрете човечката душа, бидете само уште една човечка дуа.

Знаењето не почива само на вистината, туку на грешките.

Вашата визија ќе стане појасна, дури кога ќе погледнете во своето срце. Оној кој гледа надвор, сонува. Оној кој ќе погледне внатре, се буди.