Карфиолот и сезонава руши рекорди со цената - Дали есенското овошје е скапо?

Во сезоната на подготовка на зимници граѓаните најмногу се жалат на цената на карфиолот. Овој зеленчук, стандардно секоја сезона, се продава по цена од 180 - 250 денари по килограм. 

Дел од потрошувачите споделуваат дека ќе чекаат цената да падне, па дури потоа ќе купат поголема колична за туршија. 

И другите есенски продови држат цена. 

Најевтини се јаболката кои низ пазарите и маркетите може да ги најдете по цена од 30 до 50 денари, зависно од сортата. Јапонските јаболка се нешто поскапи. 

Едно мало парче тиква за печење се движи околу 50 - 80 денари. 

Калинките се околу 80 денари, исто толку чинат и мандарините. 

Периодов на пазарите достапни се и малите краставички корнишони чија цена е од 30 до 60 денари, зависно од квалитетот. 

Купувачите се жалат на цените, но и на лошиот квалитет. 

- Не е проблем да купам сезонско овошје, меѓутоа често се случува она кое е убаво на лик, перфектно, дома да нема никаков вкус. Сепак, сметам дека домашните производи се повкусни, дома одгледаните или оние од познат земјоделец, споделува скопјанка.