Карамел-крем, десерт во кој ќе се вљубите

Вкусот на карамел комбиниран со кремаста основа е нешто што нема да ве остави рамнодушни. 

Состојки:

100 гр путер
120 гр брашно
Литар млеко
170 гр шеќер
Лажичка екстракт од ванила
Лажица густин
300 мл вода

Подготовка:

Во подлабок сад ставете го путерот и ставете го на тивко да се стопи. Во него додајте го брашното, па измешајте и сипете го млекото постепено, со постојано мешање. Варете на тивко, ставете 80 гр шеќер, измешајте, па ставете ја ванилата. Треба да добиете густа смеса, како пудинг. 

Префрлете ја смесата во калап и оставете да се излади. Преливот подгответе го така што ќе измешате густин со 200 мл вода. Во тава ставете 90 гр шеќер и ставете да се стопи на тивок оган. Кога ќе добие жолта нијанса, ставете 100 милилитри вода, измешајте ја смесата со густинот и варете на тивко, додека да се згусти. 

Ставете врз белиот крем и оставете да се излади во фрижидер. Смесата можете да ја поделите и во мали садови, колку една порција, за попрактично сервирање.