Капучино тирамису

Лесно, брзо и вкусно. Италијанскиот шмек е неизбежен.

Потребно е:

  • 8 пишкоти, преполовени
  • сварено инстант кафе
  • сладолед од чоколадо
  • 140 мл шлаг, изматен
  • 1 лажица шеќер во прав
  • 3 лажици Бејлис
  • рендано чоколадо за декорација

Подготовка:

Во 4 чаши распоредете ги пишкотите, колку да се обложи дното на чашата. Ставете изладено кафе доволно колку да ги омекне пишкотите. Ставете по две топки сладолед, прелијте ги со Бејлис, една лажица шлаг и шеќер во прав. Декорирајте со рендано чоколадо.