Канделабрите на кеј не ја издражаа нашата свест и совест

Кој го штити, чува, јавниот имот во главниот град? 
Сведоци сме на постојано уништување на голем дел од урбаната опрема без при тоа никој да се фати и казни. 

Фонтаните, клупите, кантите за отпадоци, оградите па дури и плочките по кои се гази, намерно се уништуваат подолго време од вандали кои се уште не го запознале цивилизираниот начин на живеење и тоа посебно во урбана средина.

Во налет на овој бран нецивилизација настрадаа и канделабрите на кејот на Вардар. Скршена, уништена, изгазена неколку дена почива оваа канделабра која беше купена од наши пари и заврши вака неславно.

Некој ќе каже дека можеби и ветерот ја турнал, но, сепак, каде се службите веднаш да реагираат ако се знае дека таа е поврзана со електрична мрежа а вака иструполена лежи на пешачка патека со сите опасности кои ги носи со себе. 

До кога ќе стои, времето ќе покаже. Темнината секако е тука да ги покрие сите наши неспособности и лоши примери.