Кампања „Остани безбеден“ – да се едуцираат најмладите учесници во сообраќајот

Одделението за превенција при Сектор за внатрешни работи Скопје на 16.02.2021 во Основното училиште “Киро Глигоров” ја започнува кампањата под работен наслов „Остани безбеден”.

Со превентивни активности како составен дел на редовното полициско работење кое се заснова на партнерство помеѓу  полицијата, локалната самоуправа и граѓаните започнуваат превентивните активности со учениците кои посетуваат настава од прво, второ и трето одделение. Со едукативна работилница од областа на безбедноста во сообраќајот и посета на сообраќајница ќе се презентира правилно и безбедно минување на улица со почитување на  сообраќајната сигнализација и правилата во сообраќајот.

Кампањата е во соработка со Општина Центар и Mисијата на ОБСЕ со седиште во Скопје.

Целта на ваквите активности е едукација и зголемување на безбедноста на најмладите учесници во сообраќајот како и подобрување на културата на однесување во сообраќајот.

На учениците на Основното училиште “Киро Глигоров“ ќе им бидат донирани заштитни маски и флуоросцентни  трепкачи.

Активностите ќе се реализираат со почитување на мерките за заштита од  пандемија и  спроведување на протоколите за заштита од Ковид 19.