Камионот кој пропадна на плоштад немал дозвола, возачот е уапсен

Возило на приватната компанија чиј камион неовластено влегол на плоштадот Македонија, по што причинил материјална штета - нема дозвола за движење на плоштадот, иако има поднесено такво барање, велат од Град Скопје. 

Возачот, странец, државјанин на Турција е приведен и изведен пред суд. За овој настан МВР ќе поднесе и соодветен поднесок, велат од Град Скопје преку соопштение. 

Градот Скопје по извршениот инспекциски увид издадоа санкција која правното лице ќе треба да ја плати во рок од 10 дена, во спортивно ќе следи прекршочна и кривична пријава.