
По гужвите и хаосот меѓу нервозните патници што се создаде на граничниот премин Табановце поради наплатата на глобите од системот „Безбеден град“, голем дел од српските туристи на социјалните мрежи најавија дека за патување кон Грција во иднина ќе го избегнуваат македонскиот коридор и ќе транзитираат преку Бугарија.
Во врска со ваквите ставови, со совет и предупредување излезе познатата Фејсбук страница „Грчка инфо“, потсетувајќи ги возачите дека промената на рутата нема да ги спаси од камерите и сообраќајните казни.
Сличен и исклучително ефикасен систем на паметни камери веќе со години функционира и на бугарските патишта, а глобите за пречекорување на брзината во Бугарија се дури и повисоки во споредба со македонските.
„Важно е да знаете дека сличен систем на камери функционира и во Бугарија...Најважниот совет за возачите е едноставен: почитувајте ги ограничените брзини низ Северна Македонија“, стои во објавата на Грчка инфо.
Според податоците на „Грчка инфо“, висината на глобите во Бугарија изгледа вака: