
Лишени од слобода возачи во Неготино и Злетово кои управувале возила под дејство на алкохол и учествувале во сообраќајни незгоди.
Како што информираат од МВР, вчера (03.12.2025) во 21:15 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода Ѓ.А.(35) од Кавадарци. Претходно, околу 20:45 часот на улица „Првомајска“ во Неготино, тој со патничко возило „фолксваген голф“ со неготински регистарски ознаки, излетал од патот и удрил во бандера, по што го напуштил местото. По преземени мерки, тој е пронајден и по извршено алкотестирање е констатирано дека бил под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,83 промили алкохол во крвта.
Исто така, вчера во 17:50 часот на крстосница помеѓу улица „Македонија“ и улица „Бошко Петров“ во село Злетово, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишиле од слобода Ј.Ј.(28) од село Злетово, пробиштипско. Претходно, тој со патничко возило „фолксваген голф“ со пробиштипски регистарски ознаки учествувал во сообраќајна незгода со материјална штета, а по извршени проверки е констатирано дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,84 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.