Калинки: најдобро овошје за здравје на мозокот и борба против инфекции

Калинките не се само слатко овошје кое изгледа убаво, туку тие носат многу бенефити за нашето здравје.

Една шолја зрнца од калинка содржи 7 гр фибер и 3 гр протеин. Освен тоа, истото количество нуди 30% од дневната препорачана доза на витамин Ц и речиси 35% од дневно препорачаната доза на витамин К. Калинките содржат фолна киселина и калиум, кои се одлични за одржување на крвниот притисок.

Ова се бенефитите кои тие ги нудат за нашето здравје.

Подобрување на капацитетот за вежбање

Потребна ви е ужинка која ќе ви даде енергија за вежбање? Калинките придонесуваат за отворање на крвните садови и поттикнување на крвотокот, а тоа го носи кислородот и другите хранливи состојки до мускулите во текот на вежбањето. Едно истражување покажува дека редовното конзумирање на калинка придонесува за намалување на заморот од трчањето.

Ги намалува симптомите од предменструалниот циклус

Зрната од калинката не се единствениот здрав дел, туку и белиот дел околку нив. Тие содржат лињани, вид на полифенол што ги нормализира ефектите на естроген во нашето тело. Тие можат да придонесат за намалување на симптомите од предменструалниот циклус и ги нормализираат нерегуларните циклуси.

Го подобрува расположението и менталното здравје

Ако не го сакате јогуртот, јадењето калинки е одлична замена за да внесете здрави бактерии во вашето тело. Истражувањата покажуваат дека полифенолите во калинките придонесуваат за подобрувањето на расположението и севкупното ментално здравје.

Ја подобруваат меморијата

Тие исто така ја подобруваат меморијата. Според кардиологот Стивен Гандри калинките придонесуваат за подобрување на меморијата, особено за пациентите кои минуваат низ операција на срцето. 

Богати се со антиоксиданти

Многу од корисните состојки на ова овошје се должат на пуникалагинот, кој е моќен антиоксидант кој се наоѓа во сокот од калинки. Тие придонесуваат за заштита од негативното влијание на слободните радикали. Според некои нутриционисти, сокот од ова овошје е покорисен од црвеното вино и зелениот чај.

Штитат од воспаленија и се одличен борец против болестите

Благодарение на состојката која ја споменавме погоре, тие се одлични против воспаленијата во нашето тело. Знаеме дека хроничните воспаленија можат значително да ја спречат појавата на многу сериозни заболувања како што се ракот, срцевите заболувања, дијабетес 2 и Алцхајмерова болест.