Калина Коси ги „подбра“ охриѓани: Тоа гледање попреку, дрскоста и правењето фаци кога ќе се чуе скопски акцент, преживеано, изживеано и надживеано ми е веќе!

Вечното „непријателство“ меѓу охриѓани и скопјани, се чини, продолжува и натаму. На оваа тема познатата инфлуенсерка Калина Коси сподели свое видување. 

Нејзиниот фејсбук статус ви го пренесуваме во целост: 

- Охрид. Го сакам и секое лето наоѓам време да отидам. Заради убавините, залезите, свежината на езерото и воздухот навечер. Ама Охриѓани? До кога? Искрена да бидам, тоа гледање попреку, дрскоста и правењето фаци кога ќе се чуе скопски акцент, преживеано, изживеано и надживеано ми е веќе! Па уште гледам отворени страници на интернет, као демек само за Охриѓани и таму се мава со дрва и камења по се што доаѓа од Скопје, не од други градови, туку претежно само од Скопје! Дури и сликате луѓе и јавно ги објавувате, возила со скопски таблички погрешно паркирани или што ја знам, па си играте мајтап. Овие Скопјанчиштава некултурни, вакви, такви, само мани наоѓаат, скапо им било, прљаво им било, не идете ако ви е скапо и други малограѓански муабети (ако баш сакате да знаете, Скопјани мрчат за сегде, не само за Охрид). Као Охрид е само Ваш и таму никој друг не треба да стапнува оти ви го валка и гази. Шегаџиски демек, ама нит е смешно, нит интересно веќе. Замислете ние Скопјаните да отвориме таква страница само за Скопјани? По кого ќе маваме? Чии регистрации ќе сликаме? Па таму ќе треба да се плука по цела Македонија нели? По охридската логика и практика. За среќа па не сме ние такви.

Да не зборам за скапотијата ама ќе зборам. Сте го надминале и Скопје и Грција и многу други европски летувалишта на кои сум била па знам, не зборам на памет!

И на крајот на краиштата, Охрид не е само Ваш и никогаш нема да биде! И мој е и сечиј! Ете така да си знаете. 

П.С. Да не биде сите во ист кош бидејќи не се сите за таму. Од статусов ги исклучувам сите пристојни, модерни и културни Охриѓани кои знаат како се води туризам, како се почитуваат туристи без оглед од каде доаѓаат, кои ги надминале комплексите или никогаш ги немале. А знам многу, многу такви добри луѓе!