Календар на културни настани

Понеделник 5.12.2016

Кино Култура

[19.30] Контра Кадар СК33: Witness for the Prosecution,тема: Правда

Дали правдата е слепа?

Witness for the Prosecution е една од најдобрите адаптации на романите на Агата Кристи на големото платно. Ненадминливиот раскажувач Били Вајлдер(BIlly Wilder) заедно со прекрасната актерска екипа, предводена од Марлена Дитрих, не води низ еден интересен заплет, кој на крај не остава да се прашуваме, каде е правдата?

Дали правдата е воопшто возможна? Што всушност претставува правдата? Со цел да одговориме на овие прашања кои филмот отворено ги поставува свое гостување ќе имаат професорите од Филозофскиот факултет во Скопје, проф. д-р Ана Димишковска и доц. д-р Ристо Солунчев.

Влез: Бесплатен

Кинотека на Македонија

[20.00] Docucroata – Денови на хрватскиот документарен филм во Скопје

Заедницата на Хрвати во Македонија во соработка со Хрватскиот аудиовизуелен центар и Кинотеката на Македонија организира Денови на хрватскиот документарен филм во Скопје на 5, 6 и 7 декември 2016 година.

Во овие три вечери ќе имате можност да гледате избор од најновите хрватски документарни филмови, а темите кои ќе ни ги доближат овие филмови ќе бидат повод за дискусија по проекциите.

Програма на линкот во насловот.

 Рок Кафана Рустикана 2.0

[21.00] Неделна програма

*Понеделник – Happy Monday со Natalija Danailova и Никола за среќен почеток на неделата.Старт после 21:00

*Вторник – Heineken Tribute Tuesday. Heineken 0,5 по промо цена од 100 денари и музика исклучиво од еден артист во периодот од 21:00 – 00:00.

*Среда – Blues & Whiskey Wednesday. In The Mood Blues Duo со најдобриот акустичен блуз перформанс во градот и 6 вида на виски по цена од 100 денари.

*Четврток – Кириличен рокенрол со Аудиоскопје после 21:30

*Петок – Вино и Гитари од 17:00. Афтерворк со Аце и Јоце во соработка со Тиквеш. Александрија Cuvee и Special Selection Oak Edition по цена од 600 денари за 0,75.
Акустична вечер со Кума и Црни старт после 21:30.

*Сабота – Македонски евергрини со Lili Chilli од 14:00 и Burger Happy Hours од 14:00 – 18:00. 20% попуст на сите бургери во овој период. R’n’R 101 со Ringroad. Класисична рок едукација со старт после 21:30.

За инфо и резервации пишете ни во инбокс или свртете на 075 478 134

Вторник 6.12.2016

МОБ

Концерт на Симфонискиот оркестар со солисти  на Факултетот за музичка уметност

Како што веќе кажавме, оваа година ФМУ го прославува својот 50 роденден. Во чест на овој јубилеј, годинава факултетот приреди низа свечености, преку кои ја покажа својата успешна досегашна работа и своите достигнувањата на полето на музичкото образование. 

Последниот концерт во оваа јубилејна година е традиционалниот концерт кој се одржува секоја година на 6-ти декември. Имено, овој вторник, во салата на Македонската опера и балет, сегашни и поранешни студенти на Факултетот за музичка уметност ќе приредат незаборавен настан за сите присутни. 

Симфонискиот оркестар, Биг бендот, Хорот „Драган Шуплевски“, студентите од студиските програми за соло пеење и народни инструменти, како и македонскиот сопран со светска слава Ана Дурловски, премиерно ќе изведат повеќе значајни дела од светската музичка уметност – финалето од Патетичниот ораториум- „Сонцето и поетот“ на рускиот композитор Георги Свиридов, „Jeu De Cartes – Troisième Donne“ на рускиот композитор Игор Стравински, „Le Boeuf sur le Toit“ на францускиот композитор Дариус Мијо, "Bachianas Brasileiras No.5"- Aria (Cantilena) од бразилскиот композитор Хектор Вила-Лобос, како и делото „Estancia – Danza final (Malambo)“ на аргентинскиот композитор Алберто Гинастера. На концертот ќе се изведе и делото „Твојот пат“ на македонскиот композитор Живојин Глишиќ, кое е напишано токму за овој јубилеј на Факултетот. Скопје по повод 50 години од неговото постоење,  кој ќе се одржи на 06.12.2016 година, во Македонската опера и балет  со почетокво 20:00 часот.

Почетокот на концертот е во 20 часот, а билети може да се резервираат преку fmu@fmu.ukim.edu.mk.

Музеј на современа уметност – Скопје

[14.00] Ликовната критика денес / годишен симпозиум на AICA Македонија

Настанот е во организација на Управниот Одбор на АICA Македонија.

Во рамки на програмата на симпозиумот ќе се случи доделување на наградата „Ладислав Баришиќ“ за најдобар истражувачки проект од областа на ликовната критика на овогодинешниот добитник Велимир Жерновски, како и презентација на неговото истражување „Шарена револуција!? (Контекстуални предизвици на граѓанскиот отпор и уметниковиот активизам)”.
Другиот дел од програмата се состои од работна сесија насловена „Улогата на ликовната критика во ерата на дигиталните медиуми“ по концепт и модераторство на Нада Пешева.

Подетална програма на линкот во насловот

Public Room

[20.00] Изложба на Спин и Светлосна врска

Студиото Спин и Светлосна Врска ве покануваат на заедничка изложба на која ќе бидат претставени нови и свежи дизајни .

Студиото Спин ќе ги презентира дизајните од последниот проект Ретро Визија, чија главна цел и овојпат е подигнување на еколошката свесност на конзументот за реупотреба на стариот мебел, предмети и материјали кој се дел од секојдневјиот отпад.

Светлосна Врска е проект кој има идеја да направи поврзување помеѓу традиционалната македонска применета уметност односно македонскиот народен вез и современиот индустриски дизајн и да создаде уникатни парчиња мебел за домот, во случајов столни лампи и лустери.

Продолжува на наредната страна......

Среда 7.12.2016

Концепт 37

[19.00] „Ловци на светулки“, Вера Калин – Официјална Промоција

Тони не забележува оти неговата жена веќе некое време не се насмевнува. Зоја решава да ја истури од себе тајната што со години ја робела расклокотена во дамарите. Сенката на Мерима повеќе не се исцртува на џамот од куќата на крајот на патот. Живко не е тука да ја пречека својата сопруга кога таа, после многу години, се враќа дома.

Ова се приказни за непредвидливоста на иднината, за загубените надежи и за несопирливата борба со сеништата на стварноста.

После „Бездомникот со златен часовник“ грст нови ликови ги отвораат своите куфери полни приказни на Булеварот на Книгите.

Public Room

[20.00] Taste Holland

Најдобро ќе се запознаете со холандската култура преку пробување на нивната традиционална кујна и специјалитети.

Шефови: Paul Houthuijzen, Albert de Gelder & Katerina Nikolik
Цена на менито: 900 денари од особа
Карти: Public Room, 50 Divizija 22 или contact@publicroom.org

Мени:
– Стартер : Erwtensoep met spek – Pea soup
– Мени бр. 1: Stamppotten met gehaktbal en witlofsalade- Meatball, stampot, hutspot, chicory salad
– Мени бр. 2: Konijnenpeper met rode kool- Red cabbage with rabbit
– Десерт: Appeltaart en stoofperen – Dutch apple pie

EET SMAKELIJK!

МКЦ

[21.00] Музика во Планетариум: Kraftwerk | Ralf und Florian

Kraftwerk – Ralf und Florian (1973)
Планетариумска проекција: Даниел Анастасов

Билетите (100 денари) се во строго ограничен број и достапни на билетарата на МКЦ.

Третиот албум на Kraftwerk е прекрасен предвесник и патоказ за иднината. Опуштено и разиграно истражување на можностите на електронската музика.

С26

[23.00] Todd Terry

ДЏ сет на Todd Terry, а локална поддршка од Маци. Среќна среда во С26.

Четврток 8.12.2016

МКЦ Клуб & Ресторан

[20.00] Гласно! – Промоција на албум на Визија

Промоција на најновиот албум на Визија, насловен како Гласно!. Влезот е бесплатен, а албумот ќе се продава по промотивна цена.

Петок 9.12.2016

Public Room

[16.00] Lucky Friday 

Tikves Special Selection, Brzanov, Popov, Stobi – 2 шишиња или 2 чаши наливно вино, по цена за едно!
Надополнети со вкусна храна и боса нова за опуштено дружење после напорна работна недела!

Метрополис Арена

[19.00] Таксират Фестивал 2016

Македонско „Ол-стар“ финале на Таксират 18!
Архангел, Кирил Џајковски, Санаториум, Фолтин и Чиста Околина на иста сцена, во иста вечер!

За заокружување на годинашното издание, Таксират ја претставува главната вечер на фестивалот, како „Ол стар“ вечер со најголемите македонски музички имиња во живо! Во знак на одбележување на 18 години од фестивалот и во непопуларно време за македонската музика која се соочува со тешки предизвици, Таксират со огромно задоволство, на големата бина во Метрополис Арена ќе ги претстави легендарните македонски музички уметници кои ги поставија темелите во музичкиот развој за сите следни генерации кај нас, со остварувања кои ги надминаа границите на земјава!

Сабота 10.12.2016

Кино Култура

[20.00] Твитернагради 2016

Настанот е од отворен карактер и сте поканети сите.

#твитернагради се годишен настан кој оваа година ќе се одржи по петти пат по ред. Повелете да видиме кој ќе ги освои наградите оваа година. А во меѓувреме гласајте на нашиот сајт http://blokirame.mk/.

МОБ

[20.00] Aна Дурловски во „Лучија од Ламермур 

Лучија од Ламермур – ГАЕТАНО ДОНИЦЕТИ

Билети на билетарницата на МОБ 02/ 3118 451 и
Онлајн www.mob.mk

Диригент: Џанлука Мартиненги (Италија)
Режисер: Лев Пулиезе (Италија)
Костимограф: Марија Пупучевска

Настапуваат:
Лучија: Ана Дурловски
Енрико: Марјан Јованоски
Едгардо: Зоран Сотиров
Артуро: Марјан Николовски
Рајмондо: Александар Стефановски
Ализа: Николина Јаневска
Нормано: Јане Дунимаглоски

Public Room 

[21.00] K4 Absolut Party 

Музичка селекција на ДЏ Дарко и Absolut водка за 100 денари.

МКЦ

[21.00] Млади за Скопје #3 – Концерт на Мариналеда

По двата фантастични концерти на Cóntact 59 и Metanoia, продолжуваме со Млади за Скопје #3 – концерт на младите панк-рок херои Мариналеда!

– МАРИНАЛЕДА
Бенд длабоко инспириран од парадоксите на денешното време и револтирани од глупавоста ечат отворени акорди полни со искреност. Влијанија од Husker Du, Savages, Т.Б. Трачери и ХАХАХА, возење точак, кооперација и билијард на жетони. Гитара/вокал – Марко Новески. тапани – Владо Крстевски, бас гитара – Благоја Камчевски. Мариналеда (Андалузија) е град во кој сите сакаат да живеат, Мариналеда (Скопје) е бенд кој сите треба да го чујат.

Карти во претпродажба: 100 ден
Карти на денот на концертот: 150 ден

Недела 11.12.2016

Хотел Арка

[10.00] 13ти Божиќен базар – CraftART

Повеќе од 30 креативни занаетчии и ракотворци ќе се претстават со рачно направени производи и додатоци, меѓу кои рачно изработен накит, производи од стакло, чанти и модни додатоци.

Производите ќе бидат на продажба од 10 до 20 часот. Влезот е бесплатен и сите се добредојдени.

 

 

 

 

nike air max 1 sale