Какви возачи се скопјани? МВР вчера казни 15 возачи за возење без возачка дозвола

На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 177 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 39 санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, соопшти МВР.

Изречени се 13 мерки за користење мобилен телефон, 12 санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), осум санкции за некористење сигурносен појас, девет мерки за непрописно престигнување и обиколување, шест за непочитување на првенство на минување.