Какви се Шкорпиите кога ќе се налутат?

Шкорпиите се еден од најмистериозните знаци во хороскопот.

Многу луѓе се плашат од нив поради нивната мистериозност и студен пристап. Тие се управува од Плутон и Марс. Често не е потребно многу за да знаете дека некој е роден во овој знак. Едноставно ќе ги препознаете по очите. Луѓето родени во овој знак се лојални и таинствени личности кои знаат да сакаат, освен кога ќе ја нарушите нивната доверба. Тие се интензивни личности од кои многумина се плашат бидејќи силно ја изразуваат својата лутина, кога ќе ги навредите.

Тие се воден знак што значи дека силно чувствуваат, а се претставени секако преку Шкорпијата која има силен екстериер, но е многу опасна кога некој ќе и се приближи. Шкорпиите се трудат да не ги покажуваат своите емоции, а се многу слатки и чувствителни и тоа често претставува проблем за нив. 

Кога некој ќе ги повреди, нивната иницијална реакција е да се бранат и тоа силно, но потоа и да се одмаздат. 

Знаат да бидат злобни

Кога ќе ги повредите, ќе забележите една страна од нив која никогаш не сте ни знаеле дека постои. Тие точно знаат како да ве навредат и повредат и ќе ја искористат секоја шанса да го направат тоа. Можеби ќе се покајат подоцна, но никогаш нема да го признаат тоа.

Ќе се расправаат

Шкорпиите никогаш нема да избегнат конфликт. Тие се управувани од Марс, богот на војната. Сакаат да ги стават картите на маса и да ги истакнат своите аргументи, но пред да влезете во кавга со нив, треба да знаете дека никогаш нема да прифатат дека некој друг е во право.

Тие се многу дефанзивни и никогаш нема точно да знаете што е тоа што ги налутило. Но, што и да се случило – тие многу лично ги сфаќаат сите работи и се чувствуваат нападнато. Ако ги повредите, нема да ве остават така, туку ќе се трудат да ви возвратат со иста мера и да се одмаздат кога најмалку очекувате. 

Тешко им е да простат и да заборават, па бесот останува со нив, долго по самата ситуација.