Какви се мажите родени во знакот Лав?

Мажите родени во овој знак се самоуверени, гласни, доминатни, идеалисти и креативци со детско однесување. Тие се музикални и забавни, но и многу горди и достоинствени личности. Често се мрзеливи, но секогаш сакаат да доминираат.

Најголемиот печат на овој маж е нивниот оптимизам. Тие сакаат самите да управуваат со својот живот, без влијание од другите и самостојно да донесуваат одлуки. Тие имаат големи амбиции, а често успеваат во нивното исполнување бидејќи се енергични, харизматични и витални. Овие мажи се романтични и отмени и често знаат да ги освојат жените. Тие се огромни шармени кои не прифаќаат да не бидат забележани.

Родените во овој знак се родени лидери  и често се занимаваат со прашања од општ интерес, државнички работи и често им се доделени одговорни позиции бидејќи тие не се личности кои бегаат од обврските.

Како пријатели, Лавовите се духовити и предадени во пријателството. Тие држат до себе, до она што го сметаат за свое – пријателите, децата, семејството.

Предности

Мажот Лав е многу горд и енергичен маж. Тој има силно изразена волја, интелигентен е и практичен. Тој се карактеризира со огромна храброст, особено во соочувањето со тешкотиите кои ги носи животот. Тој е супериорен по својата природа и доминира со својата околина. Тоа за него е природна состојба.

Иако е многу логичен  и практичен, знае да биде идеалист, но е нескршлив и кога е повреден, само продолжува понатаму. Секоја проблематична ситуација, тој ја решава на задоволувачки начин. Мажот Лав сака да владее, но нема никогаш да дозволи да ги почитува другите. Тој е самоуверен и има силно чувство за правдата и вистината. Искрен е, подготвен да прости и великодушен е.

Една од добрите страни на овој маж е тоа што тој не е склон на туѓото влијание. Не е претерано љубоморен. Не ја поднесува монотонијата и просечноста и е многу успешен во својата кариера.

Маани

Мажот Лав често знае да биде препотентен, раздразлив и контрадикторен. Тој не е во состојба да прифати критика, ниту пак туѓо мислење. Егоцентричен е и непромислен. Сака да доминира со туѓите животи, а често е склон да претера со преценување на своите квалитети, а намалување на квалитетите на оние кои ги знае.

Тој знае да биде агресивен понекогаш, но не е насилен. Иако знае често да биде неверен, тоа никогаш нема да и го прости на саканата личност.