Каква си ти мајка кога одиш по кафичи и кафани?

Некои луѓе мислат дека имаат право да навлегуваат во туѓата приватност, да коментираат и да осудуваат туѓи постапки, а притоа не знаат ништо за животот на таа личност.

Мајките кои се грижат за себеси често се мета на критики, а деновиве на интернет се шири еден одличен одговор за сите луѓе кои се замараат со тоа што прават мајките кои тие и не ги ни познаваат:

„Каква е таа мајка која оди на кафе со пријателките?

Каква е таа мајка што вежба?

Каква е таа мајка која оди на масажи?

Каква е таа мајка која повремено прави нешто за себе и си купува работи?

Каква е таа мајка која понекогаш оди на фризер или маникир?

Каква е таа мајка која понекогаш оди во кафуле и кафана?

Каква е таа мајка која повремено сака одмор од мајчинството?

Каква е таа мајка која може да издржи минута без своите деца?

Еве каква:

Жена. Личност. Обичен смртник. Човек.

Мајка која знае дека мора да биде среќна и задоволна за семејството да ѝ биде среќно и задоволно.

Мајка која знае дека не е здраво да биде роб.

Мајчинството не е ропство, мајчинството е најубава работа на светот, која е платена со чиста љубпв. Како и при секоја друга работа, и ние имаме заслужуваме мала пауза: да наполниме батерија, да ги средиме ноктите, да ја скратиме косата и да блеснеме од среќа и задоволство.

Понекогаш е добро да направиш нешто за себе, само за себе. Тоа нека биде и најобична ситница, но таа ситница ќе те потсети дека си жива и дека и ти заслужуваш време за себе.

Блесни право сама за себе, па ќе блескаш и за децата и за сопругот.

Затоа што кога мама е среќна, среќно е и целото семејство.