Каква е состојбата со Дрисла и Вардариште утрово - информира Ангелов

Чадењето од депонијата Дрисла е се уште присутно, но во многу помал обем и не е причина за маглата, вели директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов.

Тој извести дека во текот на вчерашниот ден е затрупан дел од просторот на депонијата Дрисла од кој имаше чадење.

„Денес затрупувањето продолжува со засилено темпо бидејки вчера беа извршени неколку логистички зафати кои овозможуваат полесен и побрз пристап до критичната точка“, кажа Ангелов.

Директорот на ДЗС информираше дека дивата депонија „Вардариште“ е целосно изгасната и од неа нема никакво чадење.