Каков фиксен телефон имавте на времето? (фото)

Се сеќавате ли на некогашните фиксни, домашни телефони? Тоа време се чини дека било многу одамна. Модерната технологија, оди напред, и овие телефони ги стави во историја.

Постојано  сме сведоци дека секој ден излегува по некој нов модел на мобилен телефон, преполн со разни апликации, кои ја подобруваат комуникацијата.

Оние постарите генерации, добро се сеќаваат што значеше дома да имаш телефон. Оној голем апарат, кој обично стеше го претсобјето и кој ѕвонеше гласно. Кога си излезен во двор не знаеш дали ѕвони твојот телефон или пак телефонот на соседите. Сите трчаат внатре да се јават.

Времето кога ќе добиеш некој, само ако е дома, ако не ќе си ја пробаш среќата нареден пат.

Броевите се запишуваа рачно, во тефтер, немаше именик и меморирање како денеска.

Денешните генерации не се сеќаваат како е, ако снемаш мрежа, да завртиш неколку пати нула...

Во минатото, за да имаш телефонска линија, домаќинствата плаќале големи суми на пари.

Ве фаќа ли носталгија кога ќе се сетите на вашиот прв домашен телефон, како изгледаше? Најчето беа оние огромните зелени, или пак во бела боја. Со текот на времето почнаа да излегуваат и нови помодерни. Се појавија и бежичните телефони, па можеше да седиш во фотелја и да зборуваш на него, или пак да си во двор, да пиеш кафе и да зборуваш.

Ни се чини, дека тоа се далечни времиња. Далечни, но сепак убави.

Во некое домаќинство и денеска има фиксен телефон, но речиси и никој да не го користи поради напредната технологија, и поради мобилните, кои се многу попрактични.

Се сеќавате на некој од овие фиксни телефони?