Како засекогаш да ја прекинете енергетската врска која ве поврзува со бившиот партнер

Меѓу нас и луѓето во нашите животи постојат невидливи, енергетски врски. Тие често се добри и здрави и сакаме такви да ги задржиме, но некои од нив се многу токсични и само нѝ прават штета. Одредени навики и начини на однесување, размислувања и спомени кои ги поврзуваме со личноста, работата или местото, а потоа ги повторуваме кога веќе немаат смисла, заначи дека меѓу нас и понатаму постои енергетска врска, иако врската всушност е завршена.

На пример, поради силната врска што сте ја имале со интимниот партнер, може да чувствувате како да стоите во место, да не можете да одите понатаму, дека не можете да остварите нова љубовна врска, а тој постојано се враќа во вашиот живот, циклусите се повторуваат повторно и повторно и ве повредува... затоа, она што советуваат психолозите е да се ослободите од врските кои ве спречуваат да продолжите со својот живот, дури и на енергетско ниво. Еве ги нивните насоки за „церемонијата“ на раздвојување:

За почеток замислете ја душата на својот интимен партнер пред себе. Потоа замолете го да ви прости. Направете го тоа, прво затоа што е ваша одговорност – на пример, за тоа што не сте биле доволно моќни, што не сте можеле во потполност да му ја дадете вашата љубов, што не сте знаеле да се поставите во таа врска, што не сте се грижеле за него, не сте го почитувале...А, ако партнерот вас ве злоупотребувал или не ве почитувал, кажете му „извини“ што не ја изговорив на глас својата вистина, што јас не се ставив на прво место во оваа врска. Постојат многу работи за кои можеме да бараме да ни простат бившите партнери... потоа, вие мора да им простите нив – се што се случило меѓу вас, изговорете го, кажете го гласно.

Потоа, замислете дека од вашето срце излегува бела лента (конец, коноп) и се соединува со неговото. Откако побаравте да ви прости и вие му простивте нему, замислете како се пресекува таа лента. Во исто време кажете: Ти благодарам. Те сакам. Прости ми. Те пуштам со љубов и ти посакувам само среќа. И пуштете.