Како заљубеноста влијае на нашето здравје?

Не треба да бараме љубов на погрешни места, но ако сме заљубени треба да знаеме дека тоа има позитивно влијание на нашето здравје.

Истражувањата покажуваат дека заљубеноста значително влијае на подобрување на нашиот имунитет особено во заштита од настинки и други вируси. 

Во истражувањето објавено во списанието Psychoneuroendocrinology, научниците ги истражувале гените во 45 жени за време на нивната врска во период од 2 години. Резултатите покажале намален стрес и депресија, како и зголемена активност во гените поврзани со имунитетот. Од друга страна, немало промени кај жените кои не биле заљубени во тој период.

Дополнително, истражувачите посочуваат дека заљубеноста придонесува за зголемено лачење на допамин во нашиот мозок, со што се зголемува чувството на среќа, а како што се продлабочува чувството на љубов, така и се намалува лачењето на кортизол, кој претставува симптом на стресот. Осаменоста исто така има лош ефект на нашето здравје, со што докторите посочуваат зголемен број на воспаленија, повисоки стапки на срцеви заболувања, па и депресија.