Како стресот влијае на нашата кожа?

Хроничниот стрес има големо влијание на нашето здравје – од кардиоваскуларни проблеми до покачен крвен притисок, дигестивни проблеми и генерално влијае негативно на нашата добросостојба.

Кога се соочуваме со стрес, нашето тело го лачи хормонот кортизол, а тој негативно влијае на нашиот ум и тело. Високите нивоа на кортизол предизвикуваат нарушување на имунолошкиот систем, проблеми со телесната тежина и кожата.

Нарушен имунолошки систем

При услови на лачење високо ниво кортизол, нашето тело слабее а тоа се случува преку имунолошкиот систем. Тогаш, на кожата се јавува псоријаза, црвенила и егземи и кожата делува воспалено.

Сувост

Високите нивоа на кортизол ја намалуваат можноста на кожата да ја задржи влажноста и кожата делува уморно, сува е и се јавуваат брчки.

Мастење на кожата и акни

Преголемото лачење кортизол ја зголемува маснотијата и придонесува кон создавање акни. Освен тоа, кожата може да делува масно, а всушност да е дехидрирана.

Црвенило и темни кругови

Поради слабиот крвокот во телото, се јавува црвенило на кожата. Освен тоа, може да се јават и темни кругови под очите.

Масажата, опуштањето, медитацијата и јогата, вежбањето се некои од техниките кои смируваат и кои можат да ви помогнат да го победите стресот. Дополнително, исхраната богата со антиоксиданти исто така може да придонесе за намалување на стресот и заштита на кожата. Добро е да внесете витамин Ц, но и омега 3 масни киселини, како и цинк, магнезиум и Б витамини. 

Исто така, потрудете се да осигурате дека спиете барем 7 часа во текот на ноќта.