Денеска околу 03 часот во Скопје, на подрачјето на Бутел, од страна на полицијата бил лишен 18-годишниот Е.А. од Скопје. Тој заедно со уште едно лице претходно со тврд предмет искршиле излог од објект - експозитура на правно лице, по што влегле и одзеле сеф, по што на мотор веднаш го напуштиле местото.
Откако стигнала пријава до МВР, полициски службеници ги лоцирале крадците. Во моментот кога полицијата им се приближила едно од лицата го фрлило сефот кон полициското возило.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на другото лице и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.