Како лунарната еклипса ќе влијае на секој знак?

Лунарните еклипси се моќни транзити на небото кои носат краеви, нови почетоци, драма и мистерии.

Таа настапува кога Сонцето и Месечината се во опозиција на небото, а во астрологијата е позната како период кој носи големи животни промени. Со оглед на тоа дека оваа лунарна еклипса се случува во трансформативната Шкорпија, најинтензивниот и деструктивен знак во хороскопот, таа ќе биде прилично моќна и интензивна за сите знаци.

Како лунарната еклипса ќе влијае на секој знак?

Овен

За Овните, Месечината го осветлува секторот на лични трансформации, што значи дека таа ќе донесе силна потреба и глад за промени и емоционална еволуција. Сепак, бидете внимателни ако вашите пријатели не се чувствуваат исто како и вие. Ќе посакате да истражувате нови нешта, нови места, интереси и хобија, но ќе посакате другите да ви се вклучат во тоа. Но, важно е да најдете сила во својата независност. Почувствувајте ја мистериозната енергија и препуштете се на неа. Тоа може да ви донесе и нови интереси,но и нови пријатели во вашиот живот. 

На лично ниво, можно е да посакате да испитате како вашите односи влијаат на вашиот живот и да одлучите кои од нив вредат да вложувате повеќе, а од што треба да се откажете. Ќе ги откриете и работите кои ве мачат во некои односи и ќе поработите на себе на подобрување или расчистување на таквите ситуации и чувства.

Бик

За родените во овој знак, работите би можеле да станат хаотични на полето на љубовта. Можно е да почувствувате посесивност, љубомора па дури и да се однесувате манипулативно под влијанието на ваквиот транзит, или пак некој да се однесува така кон вас. Но, добрата страна е што ваквите знаци можеби конечно ќе ви дадат сила да ставите крај на нешто што не ви носи ништо добро веќе некое време. 

За Биковите кои се во здрави и среќни врски, ќе дојде до важни разговори и дискусии за важни одлуки во вашата врска. Не се плашете од промените ако сте заљубени, тие доаѓаат за добро иако можеби се премногу интензивни и брзи за вас.

Ова е идеално време да се опкружите себеси со позитивни луѓе кои прават да се чувствувате инспирирано, особено ако во изминатиот период се соочувавте со стрес предизвикан од работата. Универзумот ќе ви донесе и самодоверба на ова поле и поттик да сонувате и да се сакате себеси.

Близнаци

Овој транзит, за Близнаците носи можност да го анализираат своето здравје и добросостојба бидејќи лунарната еклипса се случува во овој сектор за нив. Обрнете внимание на вашите здрави навики, на начинот на кој вежбате, јадете и спиете. Ако постојат некои навики кои влијаат лошо на вашето здравје, ослободете се од нив.

Здравјето ќе биде ваш приоритет овој период, па универзумот ќе ве поттикне и подобро да се организирате овој период. Главната тема е дека ќе се потрудите својот живот да го вратите или поставите на вистинската патека, а ќе ја имате мотивацијата да го направите тоа. 

Рак

Месечината е во вашиот сектор на љубовни афери, па ќе ви донесе желба за интимност на емотивно и физичко ниво. Освен тоа, ќе бидете прилично селективни во однос на тоа со кого го минувате времето,  а ако сте во врска ќе посакате да внесете новини во вашиот љубовен однос. Само внимавајте да не се впуштате во ситуации кои се ризични или опасни, бидејќи енергијата на оваа еклипса е многу непредвидлива. 

За Раковите кои се слободни, ова е период кога ќе посакате да флертувате, освојувате и да се впуштате во авантури. Освен љубовните интереси, фокусот е и на вашата креативност, па тоа ќе ве поттикне да се насочите кон своите интереси или пак да смените некои работи во домот или вашиот личен стил. 

Ако се соочувате со тешки чувства, вежбајте јога и најдете мир со активности кои ви годат.

Лав

За кралевите и кралиците на хороскопот, лунарната еклипса може да донесе потемно расположение од она кое тие често го имаат, па така голем дел од родените во овој знак ќе посакаат да поминат време дома, далеку од сите други. Затоа, прилично важно е да го изберете најдоброто за себе овие денови – вкусна храна, удобна облека и омилена рутина за грижа за себеси. 

Можни се лични драми кои можеби ќе го нарушат вашето расположение, но сфатете дека ништо не е долгорочно и дека еклипсата го прави своето. На романтично ниво, ве очекува интересна енергија, но можни се и бури  и тензија. Ако се соочите со пасивно-агресивно однесување од ваша страна или пак од вашите сакани, само повлечете се и посветете се на себеси. 

Девица

За вас, може да е тешко да молчите за време на лунарната еклипса бидејќи Месечината ви носи импулсивна енергија во вашиот сектор кој владее со комуникацијата. Освен тоа, овој транзит ќе ја интензивира и вашата потреба за перфекционизам и многу лесно ќе им наоѓате маани на другите. Но, не давајте совети кои другите не ги бараат од вас и внимавајте како ги пренесувате критиките. 

Имајте предвид дека вашиот ум ќе биде активен, но и вашата интуиција ќе биде интензивирана. Ова може да биде добро, но и лошо нешто, зависно од енергијата со која се соочувате. 

Вага

Бидете внимателни како трошите овие денови, драги Ваги! Лунарната еклипса во Шкорпија фрла бомба во вашиот сектор кој ги управува парите. Можно е да се обидете да дојдете до подобрено расположение преку трошењето, но тоа ќе ве истошти дополнително и ќе го испразни вашиот паричник. Не ја градете својата самодоверба на нешто што го поседувате, туку пробајте да го направите тоа преку подобрување на своето знаење и грижа за себеси.

На крајот на денот, стилот можете да го подобрите преку мали ситници, а креативноста да ја изразите на многу различни начини. 

Шкорпија

Со оглед на тоа дека лунарната еклипса настапува во вашиот знак можно е да се чувствувате како да одите во многу различни насоки. Ќе имате премногу енергија која ќе биде интензивна, па можно е да се чувствувате заглавени во хаос од чувства и енергии. Во овој период, важно е да најдете доволно време за себеси и да се потрудите да го намалите нивото на стрес со кој се соочувате.

Ако немате хоби или некој интерес кој ве исполнува, ова е одличен период да се посветите на тоа. Ваквите активности ќе ви помогнат да се чувствувате подобро, но и посамоуверено.

Стрелец

Лунарната еклипса ја буди вашата дива страна, но треба да сте внимателни какви активности избирате овие денови, поради интензитетот на оваа крвава Месечина. Не се вовлекувајте себеси во хаос и непредвидливост, туку изберете нешто за што сте сигурни дека ќе ве направи среќни, а ви е веќе испробано. 

Можно е да имате силна потреба да се воздржите за да не избувнете во јавност, па затоа е важно да поминете време дома, да останете смирени и можеби да се посветите на активности за реновирање и подобрување на некои аспекти од домот.

Јарец

Родените во овој знак ќе бидат поттикнати да остават белег во општеството овој период. Можно е да бидете гладни за моќ или пак нова позиција, а оваа интензивна енергија може и да ве направи несигурни во однос на вашата способност да постигнете се што сакате. 

Важно е да бидете внимателни како се поставувате и што споделувате на социјалните мрежи, но и како комуницирате во однос на вашите политички ставови. 

Водолија

Полната Месечина во Шкорпија носи мала криза на идентитет за вашиот знак, особено ако во последно време не се чувствувавте исполнети на професионално поле или во домот. Можно е да имате многу барања од вашите блиски во однос на домот и семејството и тоа да ве измори за време на лунарната еклипса. 

Важно е да најдете време за себеси, да се посветите на она што ве прави среќни и да поставите граници во односите со другите. 

Риби

Оваа лунарна еклипса носи две патеки за вас, давајќи ви можност да ја изберете својата реалност за себеси, но ќе треба да се ослободите од некои мисли што ве оптоваруваат. Можно е да имате мала криза или намалена надеж во однос на иднината, но не се предавајте, енергијата е тешка, но ваша одговорност е да го изберете најдоброто за себеси. 

Ако чувствувате дека другите ви тежат во комуникацијата, сфатете го ова како порака дека можеби треба да поминете време сами.