Како изгледал плоштад Македонија во минатото?

Сте се запрашале ли како изгледало Скопје во минатото - и колку сте имале можност да го погледнете тоа визуелно?

Во Фејсбук групата „Стари Скопјани“, Васил Тодевски споделил интересни фотографии за тоа како изгледал Плоштадот Македонија во почетокот на минатиот век. 

Кога ќе погледнете и самите, ќе видите дека плоштадот многу се разликува во изгледот од денешно време. Фотографиите секако, ги поттикнале Скопјани да коментираат и да го пофалат изгледот на старо Скопје.