Како изгледа вашиот мозок кога сте заљубени?

Сите знаеме дека заљубувањето си игра со нашиот мозок. Но, што всушност се случува во мозокот? Многу работи. Едно истражување од 2015 година ги покажало првите емпириски докази за промени во функционалната архитектура на мозокот поради заљубувањето.

Откако ги скенирале мозоците на 100 студенти на еден универзитет во Кина, истражувачите откриле разлики во мозочната активност помеѓу оние кои биле заљубени, оние кои не биле заљубени и оние кои неодамна раскинале со некого. На учесниците им било кажано да не размислуваат на ништо додека трае скенирањето, за да можат да добијат подобра слика за нивната секојдневна мозочна активност.

Кај оние кои биле заљубени очигледна била зголемената активност во неколку делови од мозокот, вклучувајќи ги деловите од мозокот поврзани со награда, мотивација и емотивна регулација, како и во мрежата за социјална когнитивност. Бројот на активности во некои делови позитивно се поврзувале со времетраењето на љубовта. Кај оние луѓе кои неодамна раскинале, колку подолго биле раскинати, толку пониска била активноста во овие делови од мозокот.

Иако љубовта е инспирација за поеми и песни уште од почетокот на човештвото, дури од неодамна таа стана предмет на невролошки истражувања. Но, очигледно е дека голем дел од истражувањата го покажуваат она што поетите го знаеле отсекогаш, а тоа е дека навистина човек може да биде зависен од љубов. Но, работата не запира тука. Научниците продолжуваат неуморно да работат за да видат што скршеното срце и копнежот им прават на нашите умови.