Како и сѐ друго во животот, така и љубовта еволуира и се менува со текот на времето...

Запознавање. Врска. Брак. Фазата на блаженство. Новопечени родители. Сѐ чини дека има најразлични етикети за различните фази од партнерскиот однос. И додека овие општоприфатени периоди веројатно не можат точно да ја опишат емоционалната компонентна и состојба на секоја врска, тие го одразуваат едноставниот факт и вистина за секоја врска: Промената е нормална, здрава и клучна за еволуција на секоја врска, за да растеме и како поединци и како пар. Секако дека врската не може да биде иста и по 10, 20 или 50 години заеднички живот. Според Александра Соломон, клични психолог и авторка на книгата „Да сакаме храбро“, голем дел од љубов и одржувањето здрави врски лежи во прифаќањето и спознавањето дека промените се неизбежни. А кога одите низ животот со еден партнер, ќе се сретнете и со различни фази на врските, а секоја од нив е подеднакво важна да се научи и разбере. 

Промена број 1: Од маѓепсаност до ранливост

Почетокот на секоја врска речиси секогаш е обоен со розева боја, благодарение на розевите очила кои ги носиме како последица на нашата опиеност и маѓепсаност. Овој период може да трае од неколку седмици до неколку месеци, а често тука влегува и периодот на идеализирање. Сакате вашите партнери да ве видат во најдобро светло, а и вие ги ставате розевите очила и го гледате само доброто. Секако, тоа не може да трае вечно, што нѐ води до крајот на првиот период од врската. Секогаш постои пад од пиедесталот: првото разочарување, првата кавга, првиот пат кога ќе ја видите другата страна под стрес, исплашени или деморализирани. Или кога тие ќе ве видат вас такви. Во овој момент, многу парови сфаќат дека љубовта е повеќе од физичка привлечност. Кога тоа ќе се случи, станувате ранливи. Во такви случаеви, доктор Соломон ги советува паровите да се обидат со заедничка терапија за решавање на проблемите и за да можат да проценат дали гледаат заедничка иднина. 

Промена број 2: Од ранливост до стабилност

Ранливоста може да поттикне несогласувања и расправии околу иднината, но откако ќе се смират работите, често доаѓа до периодот на стабилност. Тогаш сфаќате како функционирате заедно, како пар. Иако врската станува сѐ посилна и посериозна, во исто време се јавува и потреба за оддишка. Ако претохдно цело време сте сакале да бидете со партнерот, сосема е нормално да посакате и малку простор и време за себеси. На крајот на краиштата и натаму сакате да го зачувате своето „јас“ во врската.

Промена број 3: Од стабилност до врзување

Понекогаш оваа фаза на посветеност или врзување вклучува брак или вселување во заеднички дом. Во некои други случаеви станува збор за заеднички напор за спојување на два живови во партнерство на долги патеки. Овој период не доаѓа без своја тежина и проблеми, но сега знаете дека една врска не е крај на врската. Ова е период во кој паровите сфаќаат дека одржувањето на врската си бара работа, труд, подготвеност да се прифатат промени и да се еволуира во таа насока. 

Промена број 4: Од врзување до поврзување

Оваа етапа во врската се одликува со создавање дом, меѓусебна заштита, создавање сигурност, воспитување деца или споделување заеднички интереси и вредности. Во текот на оваа фаза, некои парови ќе се одлучат да имаат деца и ќе се вложат во заедничкиот живот. Иако тоа не е нужен чекор или чекор кој е пригоден за секој пар, доктор Соломон предупредува дека детето го менува начинот на кој паровите го поминуваат времето. Промените во врската често се прилагодуваат и на периодот на развој на вашето дете. Воспитувањето на детето носи нови можности за поврзување околу заедничките цели на семејниот живот, поврзаноста се продлабочува и се појавуваат нови можности за интимност и блискост. Но, се јавуваат и нови можности за конфликти. Секој од партнерите истовремено учи како да биде родител и добар партнер – улоги кои често се спротиставени. 

Промена број 5: Од поврзаност до „блаженство“

Периодот по воспитувањето на децата и нивното заминување од домот, често може да биде и најсреќниот период. Од тоа може да се развие вистинско „блаженство“, затоа што сега можете да ја негувате љубовта која е подготвена да го издржи тестото на времето. Во овој период, парот препознава што значи навистина меѓусебно да се сакаат во сите животни фази и одбираат да продолжат да се сакаат. 

Кога паровите ќе ги прифатат неизбежните промени во врските, наместо да се плашат од нив, откриваат нови, возбудливи апсекти од својот партнер, а токму тоа ја прави партнерската врска фасцинантна и вредна за истражување. Сите аспекти од романтични врски непрестајно се менуваат и развиваат, токму како сите човечки битија. Навистина, тоа може да биде вистински предизвик, но поголемиот број од работите кои навистина вредат се случуваат заради посветеност и труд, зарем не?