Како хороскопските знаци и пристапуваат на љубовта

Секоја личност има уникатен пристап и перспектива за љубовта и романсата. Едни не веруваат премногу во романтичната страна на љубовта, а другите пак се отворени кон сите нови љубовни искуства.

Овен – Отворени

Тие отворено кажуваат што имаат и што сакаат и за вистинската личност тоа навистина има одличен ефект. Наш совет е понекогаш да го направите обратното – да ги оставите да погодуваат.

Бик – Сензуални

Кога љубовта ќе се појави, сите сетила се будат. Во таков период, тие ги чувствуваат сите мириси, ги уживаат сите допири и ги лазат морници од љубовта. Нивното присуство е навистина специјално кога се заљубени.

Близнаци – Паметни

Близнаците имаат големо знаење на сите теми, а особено за љубовта. Кога ќе се заљубат, тие сакаат да комуницираат со личноста која им се допаѓа и така да ја освојат. Го користат шармот и не се плашат воопшто од љубовта и романсата.

Рак – Комфорни

Тие лебдат во љубовта (или потенцијалната љубов) додека потполно не почнат да и веруваат на другата страна и додека не се отворат целосно. Тие се чувствуваат пријатно кога се заљубени и уживаат во целиот процес на отворање и разоткривање.

Лав – Храбри

Тие се однесуваат како да се во шок и уживаат во флертувањето. Размислуваат различни сценарија и воопшто не се плашат да флертуваат и да се обидат да освојуваат.

Девица – Разбирливи

Тие се обидуваат да се соберат себеси и да си го организираат животот. Не оставаат ништо на случајноста и иако се чувствуваат романтично, лесно комуницираат и ја искажуваат својата љубов.

Вага – Индиректни

Тие сакаат краток пак до љубовта. Нивните очи кажуваат едно, а нивните зборови друго. Тие се плашат од директното комуницирање и флертување и затоа попрво би ги одбрале игрите или пак индиректното и често нејасно комуницирање.

Шкорпија – Зачинети

Нивната  комуникација е директна и зачинета со убави зборови со кои тие од почетокот воспоставуваат контрола над партнерот. Освојуваат полека, но за нив не постојат неуспеси во љубовта.

Стрелец – Самоуверени

Тие уживаат во времето поминато во заљубување и освојување на другата страна. Уживаат и во преземање на целосната грижа и трошоците бидејќи така им одговара. Кога се сигурни во впечатокот кој го оставаат, тие блескаат.

Јарец  – Непредвидлив

Една минута тие ви даваат комплименти, а следната ги истакнуваат вашите слабости. Тие ќе посипат со внимание, а потоа ќе заминат и ќе ве игнорираат. Нема да знаете што е следно, но на многумина им се допаѓа таквата непредливост.

Водолија – Зборлести

Нивниот начин на размислување е секси. Тие сакаат да комуницираат и да освојуваат користејќи ја својата креативност и интересен начин на размислување. Летото им е најдобар пријател бидејчи најдобро освојуваат тогаш.

Риби – Посветени

Тие се како ролеркостер во љубовта. Често непредвидливи, но секогаш романтични и посветени. Тие се големи идеалисти и често сакаат да ја замислуваат иднината со личноста во која се заљубени.