Како да заборавиме на најдобрите нешта од нашиот живот и да продолжиме напред?

Се гледаме себеси во огледало. Се сеќаваме на сјајот во нашите очи и убавото чувство во тие моменти кога бевме најживи и најсреќни. 

Се сеќаваме на секој можен момент, посакуваме да можеме да се навратиме назад, да почнеме од почеток пак исто, но не можеме. Крајот беше неизбежен.

Но, не можеме да го живееме животот постојано гледајќи назад, позади себе. Не можеме да знаеме што доаѓа пред нас, што е таму во нашата иднина, ако постојано се навраќаме на некои слатки спомени, на некоја личност која веќе не е дел од нашиот живот. 

Преживеавме. Мислевме дека нема да биде така лесно, но живи сме. Посилни од било кога. 

Среќата е пред нас, не зад нас. 

Таа личност можеби е најдоброто нешто што ни се случило, најдоброто нешто кое сме го имале, но сега е веќе поинаку.

Што ако ние сме најдоброто нешто што им се случило и што ќе се случи на друга личност, пак во иднина? Зошто да копнееме по нешто што не  може да се врати, кога можеме да погледнеме напред и со отворени раце да го пречекаме тоа што доаѓа?

Еднаш се живее, некогаш и прекратко. Да ја собереме сета сила која ја имаме во себе и да продолжиме напред. Полесно е одошто мислиме. Да пробаме.