Како да стасам до болница, бремена во деветти месец, прашува скопјанка

Новинарката Теодора Цветковска со реакција за блокадите низ Скопје. Прашува како да стаса до болница, бремена во деветти месец, а одговор доби лично од директорот на „Слобода превоз“ Ленин Јовановски. 

-Смее ли народот како што е малтретиран од приватните превозници, а и од МВР кое не прзема ништо за овој терор да искочи па да се снајде со автобусиве? Да речеме да ги помести? Еве јас на пример утре во 9 месец од бременост треба да одам на лекар, како да стасам до болница? Сите граници ги преминавте, напиша Цветковска по што следеше одговор од Јовановски. 

-На сите блокади има слободни ленти кои ги контролира полицијата , преку нив се пропуштаат брза помош, полиција, пожарна, бремени жени, хендикепирани лица, хронично болни и сл. На тие ленти не се поставени автобуси со кои протестираат приватните превозници, напиша тој.