Како да се живее без чувство на вина?

Ако постојано живеете во минатото и копате по стари рани, голема е веројатноста дека чувството на вина е ваш сопатник. Како да се ослободите од тоа? Вината е чувство кое се раѓа од некоја постапка која сметаме дека е погрешна. Кога умот дефинира што е добро, а што е лошо, а тоа најчесто ког прави спред критериумите кои сме ги позајмиле од родителите и околината, чувството на вина го презема нашиот живот и станува товар со кој е навистина тешко да се живее. И се јавува во секакви ситуации, дури и за најмали ситници.

Тоа исцрпувачко чувство на вина ни ја краде енергијата и нѐ „јаде“ одвнатре. Ова чувство придонесува кон чувството на незадоволство и нѐ спречува да се ослободиме од минатото, принудувајќи нѐ постојано да копаме по стари рани. И така ова чувство на вина станува дел од маѓепсан круг кој е составен од каење, самоосудување, лутина и страв. Како да се живее животот без чувство на вина?

Потсетете се дека ова чувство поттекнува од минатото

Следниот пат кога ќе чувствувате некаква вина, бидете свесни дека таа произлегува од нешто што веќе се случило и не може да се промени. Сугерирајте си на себеси дека постојаното задржување на тоа и копањето по стари рани не може да донесе ништо добро. Напротив, тоа ви го скратува животот, енергијата и поврзаноста со работите кои навистина треба да ви бидат важни. 

Погледнете ја цената која ја плаќате (и вие и вашите блиски) поради тоа што сте заглавени со ова чувство

Навистина погледнете што сѐ ви прави ова чувство и колкава цена плаќате и вие и всшите најмили. Тоа може да биде што било: од вашето здравје и благосостојба, до расипување на односите. Тоа е позадинска галама која постојано ве исцрпува. Кога ќе ви биде јасно колкава е цената што ја плаќате, можете да донесете одлука едноставно дека е поисплатливо да се збогувате со ова чувство.

Не се осудувајте поради чувството на вина

Наместо тоа, бидете благодарни што преземате чекори за промени. Кога својот ум ќе го насочиме од самоосудување кон благодарност, нашата енергија расте. Благодарноста е наједноставниот, најбрзиот и најлесниот начин да се ослободиме од вината и да го ресетираме мозокот. Тоа е можност за нов избор.

Конечно, сетете се дека вашето чувство на вина значи дека постои дел од вас кој сакате да го промените. Почнете со тоа што ќе си простите на себеси. Признајте дека давате сѐ од себе во дадените околности. И секоја вечер, потсетете се дека утре е нов ден и дека можете да почнете одново.