Како да се справиме со стомачниот вирус?

Есента е период кога особено се активни стомачните вируси, а тие се особено непријатна состојба која не само што не спречува да ги извршуваме нашите секојдневни обврски и задачи, туку и не измачува.

Како да се справиме со стомачниот вирус.

Први 4-6 часа

Рехидратацијата е клучна во првите неколку часа. Пијте течности и иако повраќањето ве истоштува, пијте млак чај или млака вода. Не пијте премногу, туку по неколку лажици кои ќе ви помогнат да ја избегнете дехидратацијата на вашето тело.

Први 24 часа

Обидете се да конзумирате храна која ќе ви даде енергија и исто така ќе придонесе за намалување на дехидратацијата. Пијте кефир или јогурт, кои се богат извор на пробиотици, банани кои содржат калиум – електролит кој ви е потребен за време на стомачниот вирус, сос од јаболки  поради пектинот кој го содржат јаболките, а кој има моќ да ја минизмира дијареата.

Втор ден

Во текот на следниот ден, почнете да јадете храна која е хранлива и која „ќе ве крене“ откако ве истошти стомачниот вирус. Јадете банана, ориз, јаболки, печено лепче.