Како да се избориме со анемијата оваа пролет?

Пролетта ни носи повеќе светлина, но понекогаш и помалку енергија.

Photo by Andrea Piacquadio

Многумина се чувствуваат уморно, поспано, со срце што чука побрзо од вообичаено и кожа што станува бледа. Причината често е анемијата – состојба која не изгледа сериозно, но може да го успори секој ден.

Добрата вест е дека оваа сезона ни нуди природни сојузници, треба само да ги препознаеме.

Во кујната, првите чекори се зелени и живописни. Спанаќот, блитвата, брокулата и цвеклото се вистински пријатели на телото. Леќата, гравот и сувото овошје, како урмите и сувите кајсии, се тука за да го засилат секој оброк со хранливост и боја.

Photo by Loren Castillo

Железото, сепак, не сака да патува самo. За подобра апсорпција, секогаш е добро да го здружиме со витамин Ц. Салата со лимон, портокал покрај појадокот или неколку јагоди во ужината може да направат голема разлика. Од друга страна, кафето и црниот чај се убави ритуали – но не веднаш по оброк. Нивното присуство може да ја намали способноста на телото да го впие железото, па вреди да се почека малку.

Тука се и чаевите од коприва и маточина – нежни, но богати со она што му треба на организмот.

​​​​​​​

Photo by Maria Tyutina

И најважно од сè: телото не бара само храна, туку и пауза. Одмор, сон и неколку минути под пролетното сонце секој ден можат да направат чуда.

Ако некој од симптомите потрае долго, не заборавајте дека проверка на крвната слика може да даде јасна слика што точно му недостасува на организмот.