Како да се чувствувате подобро?

Денес ви нудиме неколку совети од порталот atma.hr за тоа како да се чувствувате подобро!

Гледајте го зајдисонцето.
Излезете надвор.
Поврзете се со луѓе кои ве просветлуваат.
Смејте се.
Медитирајте.
Зголемете го квалитетот на она што го конзумирате (храна, пијалог, медиуми и разговори).
Читајте.
Движете се!
Пливајте во море или река (дури и ако е ладно)!
Подобрете го дишењето.
Помогнете некому.
Засадете сончогледи.
Простете.
Правете нешто забавно, креативно или спонтано.
Правете го она што го сакате.
Учете.
Поставете здрави граници.
Простете си себеси.
Танцувајте.
Пејте.
Знајте дека туѓата негативност или страв не се ваши.
Уредете си го просторот во кој живеете.
Нема сите да се сложат со вас, ниту ќе им се допаднете на сите – тоа е во ред.
Предизвиците носат лекции – не растете кога ви е удобно.
Помалку осудувајте, повеќе сочувствувајте.
Сосредоточете се на сето она на коешто сте благодарни.
Вие сте многу поголеми отколку што мислите.
Верувајте.
Сакајте.
Барајте добро.
Пронајдете ги своите луѓе.
Сè е во ваши раце!