Како да ја пронајдете љубовта на вашиот живот?

Ако сакате да привлечете љубов во својот живот, морате најпрво да давате љубов.

Луѓето не можат да живеат без воздух, храна, вода и љубов. Како што можете да видите, меѓу овие четири неопходни работи, само љубовта е нешто што не може да се допре.

Љубовта има многу облици, а мудрите велат дека нејзиниот извор е во екстатичната љубов на душата кон Божественото, некои велат дека изворот е во љубовта меѓу мајката и детето, меѓу пријатели, меѓу заљубени, итн. Но, како да ја привлечеме љубовта во нашиот живот.

Подолу прочитајте неколку инспиративни совети и позитивни афирмации.

Често гледаме ситуации во кои луѓето кои не можат да пронајдат љубов (или доволно љубов), често посвојуваат миленичиња. Во оној или овој облик, љубовта мора да постои во нашиот живот.

Меѓутоа, само затоа што сакате љубов, не значи дека ќе примите љубов.

Прво, мора да дадете љубов.

Дури откако ќе дадете љубов – ќе добиете љубов.

А за да дадете љубов, морате прво да се прифатите и да се сакате себеси!

Постојат различни начини на доживување на љубовта: некои ја доживуваат преку допир, некои преку слатки зборови, некои сакаат љубовта да ја доживеат преку дела.

Најдобар начин да ја примите љубовта на начинот кој го сакате е да ја дадете љубовта во иста мера.

Бидете личност полна со љубов.

Ние ги привлекуваме луѓето кои се огледало на она што сме ние.

Па затоа, ако сакате луѓето да ве сакаат, почнете да ги сакате луѓето.

Љубовни афирмации

Зошто афирмации? Затоа што тогаш праќаме пораки на нашиот несвесен ум и на целиот свемир.

Со афирмациите го потврдуваме она што го сакаме, а не она што не го сакаме.

И тогаш, универзумот и потсвеста ќе почнат да работат на тоа да ни го донесат она за коешто тежнееме.

Следните афирмации за љубов нека бидат ваша постојана водилка.

Можете да смислите и сопствени афирмации.

Комбинирајте две или повеќе позитивни афирмации за љубов и повторувајте ги 100 пати на ден, ако треба и пред огледало и тоа во период од 6-7 месеци.

Како што проаѓа времето, несвесно ќе сфатите дека сѐ почесто и побрзо станувате љубов полна со љубов и на тој начин ќе привлекувате луѓее полни со љубов.

Еве неколку афирмации:

Опкружен/а сум со љубов и сѐ е во ред.

Моето срце секогаш е отворено и јас зрачам љубов.

Сите мои односи со долготрајни и полни со љубов.

Сѐ гледам со очи полни љубов и го сакам сѐ она што го гледам.

Знам дека сум личност која заслужува љубов и романтика. Благодарен/Благодарна сум за љубовта која секојдневно ја добивам, без оглед на формата во која доаѓа. Секогаш им праќам љубов на сите луѓе кои ги познавам, како и на целата планета. Денешниот ден е исполнет со љубов.