Како да ја препознаете хемијата меѓу вас и друга личност?

Често ја чувствуваме убавата енергија која ја споделуваме со друга личност, но не сме сигурни дали е тоа двострано или пак можеби си замислуваме. 

Ако не сте сигурни, ова се знаците:

Сакате да се гледате во очи - ако постои контакт меѓу очите, тоа значи интерес еден за друг. Кога ќе погледнеме во очите на друга личност, можеме да откриеме многу за нивните чувства. Тогаш можеме да ја почувствуваме топлината и блискоста.

Случајни допири – луѓето меѓу постои хемија, уживаат во допирот, кој е случаен и ненаметлив. Тој се случува додека разговарате, а штом се допрете, чувството е неверојатно. 

Телата се насочени еден кон друг –што и да правите, кога сте еден со друг, вашите тела се насочени еден кон друг. 

Кога зборувате, се приближувате за да се приближите еден до друг – тоа покажува дека постои желба за блискост, потреба да се зближите.

Не ги забележувате другите луѓе во околината – кога сте еден покрај друг, како да не постои светот околу вас. 

Уживате заедно во тишината – тишината не ви пречи и ви годи кога сте заедно.