Како да го препознаете хроничниот замор и да си помогнете себеси?

Ако ви е тешко да станете од кревет наутро и во текот на денот се соочувате со замор, тогаш тоа се симптоми на хроничен замор.

Според нутриционистот Џени Гох, чувството на истоштеност е тешко и влијае  на многу аспекти од нашето живеење. Тоа не е како нормален замор, туку како движење низ кал со огромни тешкотии. За поголем дел од луѓето, постојано присутна е потребата да легнат и одморат. 

Кои се најчестите симптоми на хроничен замор?

Тешко ви е да е сконцентрирате или да размислувате рационално

Се соочувате со голем стрес кој не знаете од каде доаѓа или не можете да го управувате

Имате честа потреба од благи пијалоци, чоколадо и мрсна храна

Тешко ви е да заспиете

Вашите усни се постојано суви и испукани

Не можете ни да помислите на физичка активност, бидејќи мислите дека ќе се распаднете

Вашето расположение е на ниско ниво

Имате постојани симптоми на настинка иако не се разболувате целосно

Овие симптоми покажуваат хроничен замор, но доколку продолжат подолго од 4 месеци, тоа веќе е сериозен проблем. Во тој случај, се јавуваат и чести главоболки, болки во мускулите и зглобовите, поспаност и тахикардија. Ваквата состојба се јавува кога нивоата на енергија во телото се ниски и сето тоа влијае на нашето расположение, имунолошкиот систем, па и ум и тело. 

Најлошото што можеме да го направиме за себе во таквата ситуација е да се трудиме да го замаскираме со шеќери, алкохол или кофеин што наместо да ни помогне, може дополнително да придонесе кон:

Вирусни и бактериски инфекции

Проблеми со хормоните

Проблеми со менталното здравје

Чести настинки поради опаднатиот имунолошки систем

Генетски проблеми

Како да си помогнете себеси кога се соочувате со хроничен замор?

Јадете помали, почести оброци

Пробајте да јадете на секои 3-4 часа помагајќи си да ја намалите потребата за шеќер и грицки.

Спијте околу 7-8 часа во текот на ноќта

Важно е да воспоставите здрави навики за спиење и да одите во кревет во скоро исто време навечер. Избегнувајте да конзумирате алкохол и кафе навечер, намалете ја технологијата, особено скролањето по социјалните мрежи и заменете го тоа со добра книга. 

Конзумирајте храна богата со протеини

Јајцата, месото, киноата, гравот и леќата се одличен извор на протеини. Пробајте да ги комбинирате со здрави масти и и да воспоставите навики да се храните здраво во текот на денот. 

Јадете јаткасти плодови

Тие се одлични за различни здравствени состојби, но се и одлични за победа на заморот, поради тоа што се богати со магнезиум. На нашето тело му е потребен магнезиум за одржување на нивота на енергија. 

Додајте суплементи во исхраната

Витамините од Б групата се одлични за да си помогнете при хроничен стрес. Но, не ги конзумирајте пред да се консултирате со доктор или нутриционист. 

Вежбајте, движете се

Колку и да ви е тешко да станете од креветот, потсетете се дека физичката активност ќе ви ја поврати енергијата и ќе ви го подобри расположението. Не морате да практикувате никакви интензивни вежби ако тоа ви е претешко, но доволно е истегнувањето пред и по спиење, јогата, пешачењето, пливањето и тн.