Како да ги заведете родените во знакот Лав

Дознајте како треба да се однесувате со личноста родена во знакот Лав, што сакаат овие личност, а што е потребно да избегнувате во комуникацијата со нив.

Работи кои треба да ги правите:

Задолжително кажете им дека се паметни и убави.

Уживајте во наградите кои тие ќе ви ги дадат за ваквигте комплименти. Тие умеат да прифатат комплимент, но исто така знаат и да возвратат на тоа.

Пуштете ги да бидат центар на вашиот свет. Тие ќе уживаат во тоа и ќе се потрудат да ве направат среќни.

Охрабрете ја нивната смисла за хумор. Ако го направите тоа, тие ќе се потрудат секојдневно да ве смеат и развеселуваат.

Покажете им колку ви се важни.

Бидете искрени и отворете го своето срце. Тие ќе знаат како да ве поддржат и заштитат.

Работи кои не треба да ги правите:

Немојте да ги игнорирате, освен ако сакате засекогаш да се ослободите од нив.

Немојте да им кажувате што да прават и да се обидете да преземете контрола над нивниот живот. Тие ја сакаат контролата над нивниот живот и не сакаат да се предадат така лесно.

Немојте да им го скратувате вниманието, ним им е потребно постојано.

Немојте да си играте со нивното его. Тоа е ранливо и раните можат да траат долго.

Немојте да ги исмевате пред другите. Тоа е најлошото нешто што  можете да им го направите.