Како беше вчера на врвот на Водно?

Ладно и снежно време. Вака беше вчера на врвот на Скопје, односно на врвот на планината Водно. Ништо не може да го замени викендот на планина, особено кога денот е снежен и не толку студен, како тој вчера. 

Температурите блиску под нулата не беа причина скопјани, но и туристите овој викенд да го занемарат планинарењето. Чистиот водух, убавата дружба и убавиот планински чај се доволна причина пеш или со жичница да се ужива на врвот на Водно. 

Ние бевме сведоци на една убава недела, недалеку од Скопје, но поразлична од таа тука низ градскиот метеж. Објектите на врвот на Водно беа преполни со скопјани, но голем беше бројот и на странски туристи.  Расположени и насмеани се чини дека заборавиле на стресот од секојдневието. 

Нашата камера направи едно видео кое ги освои симпатиите на инстаграмџии. Ви се допаѓа вам?