Кајсии – чувар на срцето и голем сојузник против вишокот килограми

Кајсиите ја поттикнуваат одбранбената сила на организмот и го штитат од инфекции, ги штитат забите и коските. 

Ако ги конзумирате пред оброк, тие добро влијаат на варењето, а поради високото количество железо кое го содржат, тие се препорачуваат за оние луѓе кои се анемични. Поради големото количество витамин А тие се сметаат и за најдобар сојузник во зачувањето на видот и чувар на здравјето на кожата.

Освен магнезиум, тие изобилуваат и со фосфор, што ги подобрува функциите на мозокот, а комбинацијата на овие минерали е добра и за нормализација на крвниот притисок. Тие содржат витамини А, Б2, Б3 и Ц како и корисни природни шеќери и калциум. Истражувањата покажуваат дека само 2 кајсии дневно се доволни за да го зачувате своето здравје.

Богати со природни влакна

Без оглед на тоа дали ги конзумирате свежи или суви, тие се одличен извор на природни влакна. Ретинолот од кајсиите е особено корисен и за кожата, а природните влакна го чуваат нашиот систем за варење.

Одлични за срцето

Тие помагаат за намалување на лошиот холестерол, што значи дека го штитат срцето. Калиумот кој го содржат ги одржува здравите нивоа на електролити и така им помага на срцевите мускули. Сувите кајсии се богати и со калиумкарбонат и се одлични за луѓето кои страдаат од кардиоваскуларни заболувања, посебно артимија.

Ризница на антиоксиданти

Тие се совршен извор на антиоксиданти, а ако ги јадете често, придонесуваат и за исфрлање на токсините од нашето тело.

Ја чуваат кожата

Комбинацијата на витамините А и Ц гарантира свежа и здрава кожа. Освен тоа, антиоксидантите кои ги содржат го забавуваат и процесот на стареење.

Помагаат за намалување на килограмите

Диететските влакна кои ги содржат го подобруваат системот на варење и така го подобруваат нашиот метаболизам. Кајсиите се и одличен извор за меѓуоброк, бидејќи брзо заситуваат, а немаат многу калории.