Кај чекаш 40 минути, кај чекаш на сонце и дожд, па уште и „шефчето“ се дере - Скопјанка за јавниот превоз во Скопје

Активистката Даниела Мирческа на својот фејсбук профил го сподели своето искуство со јавниот превоз во Скопје. 

И таа, како и повеќето скопјани кои се корисници на ЈСП, се жалат на услугата за која плаќаат. 

Нејзиното искуство ви го пренесуваме во целост: 

- Кај чекаш автобус 40 минути, на автобуска станица без постојка и никаков заклон од сонце и дожд, кај те возат ко вреќа компири во возило без места, клима и воздух, уште и шефчево се дере ко у на дедо му автобусот да ги вози патниците:

- Ајде таму, префрлете се - шо чекате? Во другана 5ка, сеа ќе дојде за брзо.. Од кај да знам за колку време, излегувајте ајде во гаража одам јас! Ајде бе таму! Мрш!

Децата си одат од училиште, луѓе накај дома од работа, меѓу нив и униформирана полицајка. Сите ко механички глувчиња на навивање, излегуваат и никаква реакција, просто неверојатно! Возрасни луѓе! Апатични и резигнирани зомбија без достоинство, без праг на толеранција и волја за живот..

(Од едицијата "Државава за 5 минути се оправа ама стапот мора да игра!")