Кај 56-годишник од Кочани пронајдени археолошки артефакти од Османлискиот период, вршел и неовластени истражувања

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против В.П.(56) од Кочани, сопственик и управител на правно лице од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“.

Како што се наведува во полицискиот билтен, тој во просториите на правното лице држел три мермерни плочи за кои по извршена идентификација од страна на Комисија, формирана во Националната установа Археолошки музеј на Република Северна Македонија, е утврдено дека се археолошки наоди и дека се работи за оригинални артефакти кои потекнуваат од Османлискиот период, кои се културно наследство.

Исто така, истовремено вршел неовластени истражувања со цел да држи презентации за македонизмот и да остварува имотна и друга корист од тоа.